Лицето кое освоило премија од 83 милиони фунти (околу 100 милиони евра) на лотаријата EuroMillions во Велика Британија, сè уште не се огласила да ја побара наградата, велат од компанијата Олвин, која ја организира лотаријата.
Компанијата објави дека непознато лице во петокот ја извлекла добитната комбинација од броевите 2, 11, 19, 30 и 49, со дополнителни броеви 3 и 8, но дека веќе шест дена никој не се јавил да ги побара парите.
„Не можам да верувам дека има некој кој освоил награда и сè уште не ја подигнал. Има 83 милиони причини зошто треба да ја побараат својата награда. Ги повикуваме сите кои играле на лотарија да ги проверат ливчињата”, рече Енди Картер, консултант за лотарија на компанијата Олвин.
Извор: mk.tv21.tv