Еден од најголемите јапонски градови се „разубавува“ пред Светската изложба – не со садење цвеќиња, туку со забрана на цигари.
Осака наскоро ќе биде домаќин на Експо 2025, кој ќе трае од април до октомври, со претставници од 158 земји и региони кои ќе учествуваат на разговори, демонстрации и изложби.
Забраната за пушење на јавни места, која стапи на сила на 27 јануари, опфаќа улици, паркови, плоштади и други јавни места, а не се однесува само на цигарите, туку и на електронските цигари. Прекршителите ќе бидат казнети со 1.000 јени (околу 6 долари), пишува Си-Ен-Ен.
„Градот Осака ќе ги прошири областите за забранети пушење во целиот град за да ја подобри безбедноста, чистотата и имиџот како меѓународна туристичка дестинација“, објавија градските власти претходно овој месец. „Оваа иницијатива има за цел не само да го разубави градот, туку и да обезбеди безбедна, сигурна и пријатна средина за живеење за жителите и посетителите.
Извор: 4news.mk