Од понеделник (3 февруари), Меѓународниот Аеродром Скопје ќе стане „тивок аеродром“.
„Тоа значи дека од понеделник, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (‘бординг’) кај излезите“, соопштија оттаму.
Оттука, тие ги замолија и апелираа до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за качување во авион и сите известувања што ги добиваат за нивниот лет од авиокомпанијата со која патуваат.
„Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот“, велат од Меѓународниот Аеродром Скопје.
Извор: radiomof.mk