Македонија ја губи битката против одливот на стручен кадар. Податоците на Евростат покажуваат дека најмалку 200.000 луѓе или речиси 10 отсто од вкупното население на Македонија, се имаат иселено во други земји во Европа во последните две децении.
Според Меѓународниот монетарен фонд, земјите во кои се упатуваат граѓаните на Македонија првенствено се западните земји на ЕУ: Германија, Италија и Австрија, како и Швајцарија, која не е членка на ЕУ. Но и во земјите-членки на ЕУ поблиску до Македонија, како Словенија, Хрватска и Бугарија, се забележува пораст на доселеници од Македонија во последниве години.
Според Светскиот економски форум, Македонија држи едно од највисоките нивоа на одлив на стручен кадар во светот.
Младите се разочарани од нивото на корупција во државата како и од немањето можности и од бесперспективноста.
Извор: mk.tv21.tv