![Хрватска надмина две членки на ЕУ по висината на минималната плата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/3e/7d541ee3-resize-820x0x100.jpg)
Градежниците со зголемени плати од 9 до 17%, синдикатите бараат најмалку 8% повеќе за другите сектори
Од почетокот на 2024 година, Хрватска ја подобри својата позиција на листата на земји од ЕУ според висината на минималната плата во 2025 година. Со бруто плата од 970 евра, земјата се искачи на 13-то место од 22, надминувајќи ја Малта и Грција.
Минималната плата во ЕУ варира од 551 евра во Бугарија до 2638 евра во Луксембург. Некои земји, како Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска, немаат државно дефинирана минимална плата, туку ја утврдуваат преку колективни договори.
Хрватска моментално е 18-та во ЕУ по висина на минималната плата, но се наоѓа на врвот од листата на земји каде минималецот е од 800 до 970 евра, пред Грција, Малта, Естонија, Чешка, Словачка и Романија.
Растот на платите во Хрватска е двојно побрз од еврозоната. Додека во еврозоната просечниот раст на платите оваа година е околу 3.5%, во Хрватска се очекува зголемување од околу 7%.
Градежниот сектор бележи најголеми зголемувања. Новиот грански колективен договор за градежништво донесе покачување на платите од 9 до 17%. Најниската бруто плата во градежништвото сега изнесува 1000 евра, а промените ќе влијаат на сите 152.000 работници во секторот.
Просечната нето плата во Хрватска во декември 2024:
- Градежништво: 1.096 евра
- Вкупно за сите сектори: 1.366 евра
Синдикатите и работодавачите во моментов преговараат за нови плати во трговијата, туризмот и угостителството за 2025 година. Околу 500.000 вработени во Хрватска се покриени со колективни договори.
Извор: poslovni.hr