![Бесплатен превоз во Белград, но работодавачите и понатаму должни да исплаќаат надомест за превоз](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b2/928e722b-resize-820x0x100.jpg)
Од 1 јануари 2025 година, јавниот превоз во Белград стана бесплатен, но работодавачите нема да бидат ослободени од обврската да исплаќаат надомест за превоз на вработените, потврди српското Министерство за труд.
Тие потсетуваат дека Законот за работни односи пропишува дека вработениот има право на надомест за трошоците за доаѓање и заминување од работа во висина на цената на билетот за јавен превоз, освен ако работодавецот не организира сопствен превоз.
Бидејќи законот поаѓа од претпоставката дека вработениот секогаш има трошок за превоз, бесплатниот јавен превоз не значи автоматско укинување на ова право.
Затоа, обврска на работодавачот е да му ги надомести трошоците на вработениот за доаѓање и заминување од работа, во висина на цената на билетот за јавен превоз или да организира сопствен превоз за вработените со кој ќе им овозможи доаѓање и заминување од работа – се наведува во мислењето на министерството.
Иако бесплатниот превоз не го укинува правото на вработените на надомест за превоз, останува отворено прашањето како да се утврди висината на овој надомест. Министерството за труд сугерира дека работодавците би можеле да се определат за критериум заснован на последно исплатениот износ за надомест за превоз пред воведувањето на бесплатниот превоз во Белград.
Значи, вработените не го изгубиле правото на надомест за трошоците за превоз автоматски, но потребно е да се реши прашањето за начинот и висината на исплатата на овој надомест.
Извор: biznis.kurir.rs