![Гевгелија е Град на културата за 2025 година](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5b/a97727b5-resize-820x0x100.jpg)
Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година
Според министерот, ова признание не е само чест, туку и обврска и притоа истакна дека Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година.
– Тоа е потврда дека Гевгелија со својата богатa културна традиција повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма која ќе го освежи културниот живот во овој град, рече министерот.
Додаде дека Гевгелија со својата локација и природни убавини привлекува бројни туристи, а сега, со статусот на Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.
– Време е да создадеме средина во која културата не само што ќе се слави, туку и ќе се живее, каде што уметноста ќе биде интегрална компонента на нашиот секојдневен живот. Со манифестацијата Град на културата, имаме уникатна можност да ги инспирираме младите, да ги охрабриме уметниците и да го промовираме нашето културно наследство, посочи министерот.
Според градоначалникот на Гевгелија, ова признание е мотив повеќе да се привлечат поголем број туристи, но и да биде дополнителен импулс за развој на економијата и малите бизниси, посебно тие кои ги водат млади луѓе.
На прес конференцијата беше објавбено дека во рамки на манфестацијата „Гевгелија град на културата“ ќе се реализираат 142 проекти, а нивната реализација е помогната и со 16 милиони денари од општинската каса.