Данците и Американците во последните недели често расправаат за прашањето околу Гренланд. Медиумите неодамна известуваа за бурниот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и премиерката на Данска, Мете Фредериксен, во врска со Гренланд. Фредериксен повеќепати, и пред и по разговорот, повтори дека Гренланд не е на продажба и дека, од перспектива на данската влада, му припаѓа на луѓето што живеат таму.
Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција со која таа европска држава бара да ја купи Калифорнија од Соединетите Држави.
Оваа сатирична петиција досега ја потпишале повеќе од 200.000 Данци, а приказната ја поткрепуваат и изјавите дека на Данска ѝ се потребни „сонце, палми и ролери“.
„Имаме можност што се укажува еднаш во животот и сакаме да го оствариме овој сон. Во Холивуд ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзално здравствено осигурување и политика заснована на докази“, се наведува во петицијата.
Новиот-стар американски претседател Трамп, по неговото доаѓање во Белата куќа, покрај купувањето на Гренланд, сакал и Канада да стане 51. американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот Канал, барал американско сопствеништво над Газа, а Мексиканскиот Залив го преименувал во Американски Залив. Во однос на последното, американските Гугл мапи веќе ја направиле таа промена.