![Се ближи Свети Валентин: Дали младите купуваат злато или тоа стана луксуз?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/28/b8f17d82-resize-820x0x100.jpg)
Златарите велат дека младите сѐ помалку купуваат златен накит за Свети Валентин, бидејќи цените постојано растат, правејќи го златото луксуз. За 100 евра може да се купи само скромен подарок, а за нешто поквалитетно потребен е поголем буџет.
Според златарите, порано луѓето купувале злато за различни поводи, но денес ретко кој се одлучува на таков трошок, дури и за себе. Грам злато сега чини од 4.200 до 5.000 денари, а цената варира секојдневно, што дополнително ја отежнува продажбата.
Порастот на цената е поврзан со глобалната економска нестабилност – во последните месеци, златото поскапе за околу 12%. Доколку продолжи геополитичката неизвесност, прогнозите се дека унца злато може да достигне и 3.000 долари.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk