![Единствената земја што ги постигна целите за 2030 година: Во сообраќајот користат најмногу обновливи извори на енергија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/28/e849f082-resize-820x0x100.jpg)
Во 2023 година, уделот на обновливите извори на енергија во транспортот достигна 10,8 проценти на ниво на Европската унија, што претставува зголемување од 1,2 процентни поени во споредба со 2022 година (9,6 проценти).
Овој удел е за 18,2 проценти понизок од целта за 2030 година, која изнесува 29 проценти за користење енергија од обновливи извори во транспортот. За да се достигне оваа цел, би било потребно просечно годишно зголемување од 2,6 процентни поени помеѓу 2024 и 2030 година. Сепак, просечниот годишен пораст забележан од 2014 до 2023 година бил само 0,43 процентни поени.
Шведска беше земјата во ЕУ со најголем удел на обновливи извори на енергија во транспортот и единствената што веќе ја постигна целта за 2030 година (33,7 проценти). По неа следуваат Финска (20,7 проценти), Холандија (13,4 проценти) и Австрија (13,2 проценти). Од друга страна, најнизок удел е забележан во Хрватска (0,9 проценти), Летонија (1,4 проценти) и Грција (3,9 проценти).
Најголем пораст во употребата на обновлива енергија во транспортот во периодот 2022–2023 година е забележан во Шведска (+4,9 пп), Австрија и Португалија (по +2,5 пп). Најголем пад имаа Летонија (-1,7 пп), Хрватска (-1,5 пп) и Романија (-0,9 пп).
Обновливите извори на енергија во транспортот вклучуваат течни биогорива (како што е биодизел кој ги исполнува критериумите за одржливост и намалување на стакленичките гасови), обновлив биометан со висока концентрација на метан и дел од обновливата електрична енергија која се користи во друмскиот и железничкиот сообраќај.
Наместо да ја постигнат целта од 29 проценти, земјите можат да се одлучат за намалување на емисиите на стакленички гасови од транспортните горива за најмалку 14,5 проценти до 2030 година.
Извор: eupravozato.mondo.rs