![Слаба заинтересираност на почетокот: Во возот од Скопје до Куманово имало само еден патник](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5b/434a33b5-resize-820x0x100.jpg)
На 5 февруари тргна првиот воз во рамки на возобновената линија од Скопје за Куманово, кој сообраќа два пати дневно, а патувањето трае 41 минута, но засега заинтересираноста не е голема.
Според информациите на Денар.мк, попладневниот воз што во петокот тргнал од Скопје во 16:30 часот, имал само еден патник. Иако оваа железничка линија се смета за економично возење помеѓу двата града со цена на билет од 87 денари сепак граѓаните немаат навика да се возат со воз.
Од „Македонски железници“ велат дека ќе следат како ќе се одвива ситуацијата во следните месеци и дека се надеваат на подобра посетеност.
Свесни сме дека на граѓаните им е потребно време да се адаптираат. Ќе работиме на подобрување на услугите и, доколку е потребно, ќе направиме измени во возниот ред за да одговара повеќе на потребите на патниците“, брифираат вработени во оваа институција.
Возовите оперираат два пати на ден, на трасата Скопје – Куманово-Бељаковце.Од октомври следната година се очекува истиот воз да оди и до Крива Паланка, кога ќе биде изградена целосно пругата, најави претходно министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, годинава ќе бидат повторно воведени железничките линии кон Тетово, Гостивар, Кичево, Кочани и Штип. Николоски оцени и дека минатата година имало драстична зголемување на промет на карго и патничкиот железнички сообраќај.
Извор: faktor.mk