
Страницата не содржи никакви информации. Насловната фотографија на ФБ страницата е од Народна банка на Србија, што значи дека нема никаква врска со македонската Народна банка.
На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:
ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА ПРВИТЕ 100 КОРИСНИЦИ!
По повод празниците, подготвивме одлично изненадување за вас! Првите 100 корисници кои:
Ќе напишат „Сакам” и износот што го имаат,
Ќе ја лајкнат оваа објава,
Ќе ја споделат објавата,
Ќе го добијат двојно износот!
Побрзајте, бидете меѓу првите и уживајте во празниците со дополнителна радост!, стои во објавата.
Објавата е споделена од извесна Фејсбук-страница „Народна банка“ која има само 39 следбеници и посочената објава е единствена.
Страницата не содржи никакви информации. Насловната фотографија на ФБ страницата е од Народна банка на Србија, што значи дека нема никаква врска со македонската Народна банка.
Објавата го користи логото на НЛБ банка, со цел да изгледа како да е креирана од банката за да биде поубедлива. Но, НЛБ банка не нуди ваква наградна игра.
На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава:
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ЛАЖНА ОБЈАВА И ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛОГОТО НА НЛБ БАНКА
На социјалните мрежи е забележан наводен профил на “Narodna banka” со објава каде е злоупотребено името и брендот на НЛБ Банка.
Доколку забележите ваква објава, имајте предвид дека НЛБ Банка не стои зад објавата и дека се работи за измама.
Очигледно е дека станува збор за измамничка објава која има за цел да привлече што е можно повеќе кликови и интеракции, да допре до што повеќе луѓе чиишто лични податоци подоцна ќе ги злоупотреби. Поради тоа, граѓаните мора да бидат многу внимателни на социјалните мрежи.
Од сето погоре, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар.