Сакаме да ја информираме јавноста дека одлуката за бесплатно користење на јавниот превоз прекинува да важи денеска, 22.01.2019 година од 18 часот, информираат од ЈСП-Скопје.
-Одлуката ја донесе Град Скопје, согласно добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, стои во соопштението и се додава:
„Со тоа, се укинуваат да важат вонредните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатниот јавен превоз".