
HR конференции? На прв поглед, тоа можеби звучи како собир на HR професионалци кои дискутираат за бенефиции, онбординг процеси и интерни анкети. Но, вистината е дека овие настани се многу повеќе од тоа.
Доколку сте менаџер, тимски лидер или донесувате одлуки што влијаат врз луѓето во вашата компанија, тогаш HR Days конференцијата од 6 до 8 мај е местото каде што мора да бидете. Зошто? Затоа што управувањето со луѓе не е ексклузивна одговорност на HR одделот – тоа е вештина и знаење што треба да ги поседува секој што сака да гради успешна и здрава организација.
Менаџерите, нивните заменици, тимските лидери и проектните менаџери се само дел од оние што секојдневно го чувствуваат пулсот на своите тимови, ги разбираат нивните предизвици и мотиватори. Но, без усогласена соработка со HR, дури и најдобрите идеи може да останат само идеи. Токму затоа, клучно е сите лидери што управуваат со луѓе да учат заедно со HR тимовите за теми како што се мотивацијата, управувањето со промени и развојот на таленти.
На овие теми ќе зборуваат врвни експерти, како професорот Армин Трост и Свантe Рандлерт, консултанти со долгогодишно искуство во советување на европски организации за тоа како да привлечат, ангажираат и задржат талентирани луѓе – на вистинските позиции и во вистинските улоги.
Среќен тим е продуктивен тим
Задоволството на вработените не зависи само од одличната HR стратегија, туку и од секојдневните интеракции со менаџерите. Доколку мислите дека внатрешната комуникација и позитивната работна атмосфера се „меки“ теми, размислете повторно – тие се директен катализатор на продуктивноста и ангажманот на вработените.
Како да ги подобриме овие процеси? Учесниците на HR Days ќе имаат можност да дознаат на интерактивната работилница на Јозеф Плшкo, словачки експерт за корпоративни комуникации, кој од прва рака ќе сподели конкретни алатки и стратегии за создавање отворена и транспарентна комуникација во тимовите.
Парите не се сè, но…
Кога зборуваме за задоволството на вработените, неизбежно е да се дискутира и за Total Rewards стратегијата – како да се дизајнираат бенефиции, плати и компензации што навистина имаат значење.
За оваа актуелна тема ќе зборува Visa Myllyntaus, додека Anita Lettnik ќе ја објасни транспарентноста на платите и ќе даде конкретни насоки за имплементација на новата ЕУ директива за платите. Ако сметавте дека платите се табу тема, време е конечно да ја отвориме оваа дискусија и да ја подигнеме на ново ниво.
Трансформација на организацијата? Нема ја без заеднички труд!
Секоја голема промена во компаниите не се случува сама од себе – потребна е усогласена визија и синергија на сите менаџери, а не само на HR одделот.
Токму на оваа тема ќе зборува Cyriel Kortleven, глобално признат експерт за иновативност и организациска трансформација. Во своето предавање „Crossing HR Borders“, тој ќе открие како да се надминат бариерите меѓу одделите и да се постигне вистинска промена што нема да остане само на хартија.
Бидејќи иднината на работата ја создаваме заедно!
Сите сакаме да работиме во инспиративна и мотивирачка средина што нè поттикнува на раст. Но, тоа не се случува случајно – тоа е резултат на свесни одлуки, знаење и соработка.
Како да создадеме тим составен од адаптибилни, автентични, искрени и проактивни луѓе, кои ќе можат да ги препознаат и најсуптилните нијанси на секојдневните работни интеракции? Одговорот на ова прашање ќе ни го даде професорот по психологија Адриан Фурнхам.