
Овој дополнителен работен ангажман стана многу популарен во Франција – е одлично платен и работи се само 5 до 5 и пол часа дневно. За што станува збор?
Француската влада во моментов бара возачи на приватни автомобили во кои ќе бидат вградени полициски камери за автоматско снимање на прекршителите на брзината.
Овие работни места ги нудат приватни компании кои соработуваат со државата, а задачата на возачите е да патуваат низ определени региони во цивилни возила со радари на компаниите Mobiom, GSR, OTI France, Ineo или Infracom.
Колкава е платата и како функционира работата?
Компанијата Mobicom, на пример, бара возачи во градовите Орлеан, Ремс, Руен, Епинал и Ножан, нудејќи плата од 1.850 евра бруто месечно. Покрај тоа, возачите добиваат месечна премија од 250 евра бруто и дневници.
Платата не е поврзана со бројот на издадените казни, туку со бројот на поминати километри, пишува Jutarnji.
Кога се се собира, возачите месечно можат да заработат околу 2.100 евра бруто, односно 1.618 евра нето.
Работата се извршува денски, ноќно, работни денови, викенди, па дури и за време на државните празници. Не постои стриктно работно време, но има норма – 5 и пол часа возење дневно.
Кој има предност при вработување?
За да некој добие ова работно место, мора да има најмалку 10 од 12 бода на француската возачка дозвола. Покрај тоа, компаниите претпочитаат искусни возачи со добри безбедносни навики и добро одржувани автомобили.
Идеален кандидат би имал и професионална лиценца од некоја од фирмите за обезбедување.
Оваа работа станува се повеќе побарувана, бидејќи нуди стабилна плата, флексибилно работно време и релативно лесна работна задача – возење по однапред определената рута додека вградените радари снимаат прекршители.