
Во Македонија, 95% од работниците во текстилната индустрија се жени, додека мажите се многу малку застапени.
Маријана Перковска од Текстилниот кластер вели дека во други земји, како Турција и Бангладеш, има значително повеќе мажи во оваа професија.
„Во Турција на пример, има многу мажи коишто работат во текстилната индустрија. Има доста и мажи и жени. Како професија, не е едноставна, не е лесна, мануелна е, си бара предиспозиции, а и кај нас е многу девалвирана.
Од конфекциите во земјава потврдуваат дека мажите шивачи се реткост и дека најчесто избираат други физички професии. Во некои фабрики, нема ниту еден маж кој работи како шивач. Иако во минатото биле поприсутни, во последните 20 години жените доминираат во овој сектор.
Целиот текст прочитајте го на: faktor.mk