
Измамници кои се претставуваат како „финансиски советници“ ги празнат сметките на граѓаните. Тие најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка. Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои, обично изгледаат како локални броеви но и броеви со странски префикс се со цел, да стекнат доверба, информираат од СВР Охрид.
„Во текот на разговорот, измниците ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап (AnyDesk, SupremoMobile и останати апликации), под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување и да им помогнат околу креирање на свои профили, ги наведуваат дека може да помогнат во процедура за подигнување на брзи кредити од локалните финансиски друштва (најчесто користено финансиско друштво е ИУТЕ кредит од причина што имаат свој “банкомат“ од каде жртвата ги подигнува паричните средства“, велат од МВР.
Откако измамниците ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, тие пристапуваат до електронското банкарство на жртвата и ги префрлаат паричните средства а контактираните граѓани, остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени со што, штетите се значително големи. Се апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица и лица со странски телефонски броеви кои лажно се претставуваат и нудат финансиски совети преку интернет. Покрај ова, тие на оштетените им кажуваат дека имале голема сума за подигнување како наследтво и слично.
„Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите. Воедно, потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават“ додаваат од МВР.