
Маркетите ќе мора да ги објавуваат на интернет цените на производите согласно најновите измени на законот за заштита на потрошувачите, усвоени вчера во Собранието.
Законските измени гласат:
(1) Мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало согласно со Националната класификација на дејностите, должен е на својата веб страница да ја објави, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна односно единечната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нуди на продажба.
Ажурирање на цените од ставот 1 на овој член се врши на дневна основа.
Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат своите пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, кажа еден од подносителите.
Со овие законски измени се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку увидат неусогласеност на цените.
Извор: sdk.mk