Државата има негативен природен прираст, помалку бракови, повеќе разводи

Државата има негативен природен прираст, помалку бракови, повеќе разводи

28. 02. 2025.

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4,2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1,0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14,7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.

Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23,9 % во споредба со истиот период од 2023 година.

Извор: skopjeinfo.mk