
Британски малопродажен ланец "Sainsbury's" од март ќе започне да користи биогориво од отпад од храна за 30 камиони во дистрибутивниот центар Emerald Park во Бристол.
Отстапувањето од дизел ќе овозможи заштеда од повеќе од 3.000 тони јаглерод диоксид годишно, што е еквивалентно на годишната потрошувачка на електрична енергија за 1.950 домаќинства, објави компанијата.
Во овој процес тие соработуваат со преработувачот на отпад "RenECO", со цел отпадот од храна, кој не може да биде дониран или искористен како сточна храна, да се претвори во биогас преку анаеробна дигестија. Овој кружен систем сега ќе користи биогас за производство на течни биогорива погодни за товарни возила.
За разлика од традиционалните методи кои мешаат биометан со необновливи гасови, овој систем обезбедува дека целото гориво доаѓа директно од отпадот на малопродажниот ланец.
Преку соработката, малопродажниот ланец и снабдувачот покажаа како партнерствата можат да создадат нови начини за намалување на влијанието врз животната средина.
Извор: eupravozato.mondo.rs