Ловечка федерација на Македонија (ЛФМ или НФМ), за потребите на проект финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка Македонија – Албанија со наслов “Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа” за период од 1 август 2018 до 31 декември 2019 година, објавува оглас за ангажман на Договор на дело за работна позиција:
Локација на Скопје, со повремени патувања во пограничниот регион меѓу Македонија и Албанија (регион Охрид-Преспа)
Времетраење на ангажманот: со Договор на дело за 11 месеци (50% од работното време)
Клучни работни обврски:
-Координинација и имплементација на дел од Проектот под одговорност на ЛФМ во рамките на планираните рокови, преземајќи ги сите неопходни и разумни мерки за да осигури дека операцијата се спроведува во согласност со условите на Договорот за грант кој е финансиран од ЕУ.
- Поддршка на раководителот на проектот и / или координаторот на проектот во активностите за управување со проекти, вклучувајќи мониторинг, евалуација и известување.
- Учествување на состаноците на партнерите во проектот;
-Одржувајње ефективни комуникациски и работни односи со засегнатите страни на проектот, целна група и партнери, особено членови на ЛФМ;
-Веднаш да го извести раководителот на проектот за секој настан кој може да доведе до привремено или конечно прекинување или било каква друга промена во спроведувањето на Проектот;
-Изготвува и доставува до раководителот на проектот сите потребни информации за извештаи, барања за плаќање, следење, евалуација, ревизии и други проверки;
- Обезбедува експерт, ангажиран од ЛФМ или СЕГ Холдинг со кој било документ или информации потребни за да ги испорачаат услугите, учествува на обуки за вмрежување;
-Подготви листа на придружни документи за расходите, обезбедувајќи со ЛФМ дека оригиналите и скенираните копии од сите документи поврзани со Проектот и Буџетот под одговорност на СЕГ Холдинг се чуваат на безбеден и уреден начин;
Потребни квалификации:
– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од ЕУ, најмалку 2 години;
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Power Point);
– Солидно познавање на англискиот и македонскиот јазик, усна и писмена комуникација;
– Солидни организациски вештини (организација на работа, настани и сл.).