
Под влијание на поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и продор на значително потопла воздушна маса од југ, во следните шест до седум денови во нашата Република Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со невообичаено високи температури на воздухот за овој период од годината, прогнозира Славчо Попоски.
Во постепен пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места низ нашата Република Македонија, а тоа е стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината, проследено со многу сонце.
За време на овој период повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Со оглед на тоа дека во следниот период и нашата Македонија ќе има голема временска аномалија, а тоа значи дека температурите ќе бидат за десеттина степени повисоки од вообичаените за овој период од годината. Максималните дневни температури кај нас во следните шест до седум денови ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени. Во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 21 степен, вели метеорологот во својата прогноза.