
Подготовката за интервју е клучна за успех, а избегнувањето на најчестите грешки може значително да ги зголеми вашите шанси за вработување.
Интервјуто за работа е клучен момент во процесот на вработување, а начинот на кој се претставувате може да биде пресуден за конечната одлука. Многу кандидати прават одредени грешки, кои лесно можат да се избегнат со добра подготовка.
Еве кои се најчестите грешки и како да ги надминете:
1. Недоволна подготовка
Една од најголемите грешки е да се појавите на интервју без да имате доволно информации за компанијата или позицијата. Работодавачите очекуваат да знаете барем основни податоци за нивната работа, вредности и цели. Истражете ја компанијата преку нивната веб-страница, социјалните мрежи и последните вести. Разберете ги нивните производи, услуги и култура за да покажете вистински интерес.
2. Доцнење или рано пристигнување
Доцнењето остава негативен впечаток и покажува непочитување кон времето на работодавачот. Од друга страна, предоцетното пристигнување (повеќе од 15 минути порано) може да создаде непотребен притисок. Испланирајте го патувањето однапред и тргнете навреме. Доколку се случи нешто непредвидливо, известете го работодавачот за вашето доцнење.
3. Слаба комуникација и недостаток на самодоверба
Некои кандидати зборуваат премногу малку, даваат кратки и нејасни одговори, додека други зборуваат премногу и не ја оставаат можноста за дијалог. Вежбајте јасни, концизни и конкретни одговори. Бидете самоуверени, но природни. Одржувајте контакт со очи и користете позитивен говор на тело.
4. Негативни коментари за претходни работодавачи
Говорењето лошо за претходните работодавци или колеги остава негативен впечаток и може да навести дека во иднина ќе го направите истото за сегашниот работодавач. Ако имате негативно искуство, фокусирајте се на она што сте научиле од него и кажете што барате во новата работна средина.
5. Нејасен или неконкретен одговор за очекувањата од платата
Многу кандидати или избегнуваат да зборуваат за плата или даваат нереални очекувања. Истражете ја просечната плата за позицијата и бидете подготвени да дадете опсег што одговара на вашето искуство и вештини.
6. Непоставување на прашања
Кога на крајот од интервјуто ви се нуди можност да поставите прашања, а вие кажете „немам прашања“, може да изгледа како да не сте доволно заинтересирани за позицијата. Подгответе неколку прашања за работното место, тимот или очекувањата од позицијата. На пример: „Како изгледа типичен работен ден на оваа позиција?“ или „Кои се најголемите предизвици во оваа улога?“