
Двајцата американски астронаути, Бери Буч Вилмор и Сунита Суни Вилијамс, конечно се враќаат на Земјата откако поминаа девет месеци на Меѓународната вселенска станица (ИСС), иако нивната мисија требаше да трае само осум дена.
НАСА објави дека тие утревечер ќе слетаат во океанот, враќајќи се со капсулата „Дрегон кру“ на „СпејсЕкс“, заедно со уште еден американски астронаут и нивен руски колега.
Престојот на Вилмор и Вилијамс неочекувано се одолжи поради проблеми со погонот на експерименталното летало „Боинг Војаџер“, со кое пристигнаа на станицата.
Иако нивната мисија траеше подолго од вообичаените шестмесечни ротации на астронаутите, тие не го соборија рекордот на рускиот астронаут Валери Пољаков, кој помина 437 последователни дена во вселената на станицата „Мир“.