
Ако планирате патување во странство ова лето, треба да се запознаете со законите на земјата во која патувате.
Секоја држава, па дури и поединечни градови, имаат свои уникатни правила. Иако многумина се слични на она на што сте навикнати, некои може да бидат сосема неочекувани – како забрана за носење маскирна облека или градење замоци од песок.
Иако некои правила може да изгледаат невообичаени за туристите, нивното прекршување може да резултира со казни и уште посериозни последици. Ова е само дел од некои од правилата кои патниците треба да ги следат, без разлика колку и да им изгледаат чудни.
Хранење гулаби во Венеција
Венеција е позната по своите канали, но и по големиот број гулаби. Сепак, хранењето на овие птици на плоштадот Свети Марко може скапо да ве чини. Уште во 2008 година беше воведена забрана за да се спречи гулабите да ги оштетуваат градските споменици и згради додека бараат храна. Туристите кои ќе го прекршат законот може да бидат казнети од 25 до 500 евра.
Планинарење без облека во Швајцарија
Доколку уживате во планинарењето во Швајцарија, имајте на ум дека не е дозволено планинарење без облека. Овој закон беше донесен во 2009 година во кантонот Апенцел Иннер Родос по поплаки од локалните жители за планинарите кои носат само чизми и чорапи. Иако Швајцарија нема закон со кој се забранува јавна голотија, правилата за јавниот морал им дозволуваат на локалните власти да наметнуваат казни.
Да останете без гориво во Германија
Ако изнајмите автомобил за да возите низ Германија, погрижете се да имате доволно гориво, особено на автопатот. Во оваа земја незаконски е да се запре или успори без причина, а празен резервоар не се смета за валидна причина. Прекршувањето може да резултира со парична казна, па затоа е подобро редовно да го проверувате нивото на горивото.
Возење без вклучени светла во Шведска
Без оглед на времето од денот, во Шведска е задолжително да возите со запалени фарови. Оваа мерка е воведена поради долгите, темни зими на северот од земјава. Дополнително, задолжително е да имате затемнети фарови за да не ги заслепуваат возачите кои доаѓаат од спротивната страна.
Изработка на замоци од песок во Шпанија
Шпанија е популарна дестинација за летен одмор, но градењето замоци од песок е забрането на некои плажи.