Сигурно на секого му се случило при пакување на куферот да нема доволно место за сите работи кои сака да ги понесе со себе. Нареден чекор е вадење на сите работи од куферот и нивно повторно пакување. Вистински кошмар кој одзема многу време и енергија. Но, благодарение на следниве трикови овој проблем ќе остане во минатото.
На овој начин ќе успеете брзо и лесно да ја спакувате потребната облека за вашите идни патувања.
Свиткајте ја облеката
Ова е најдобриот совет што можете да го практикувате секогаш кога ќе се пакувате, било да станува збор за кратки или подолги патувања. Малите и тенки парчиња облека ставете ги во поголемите и замотајте ги заедно. На овој начин ќе избегнете гужвање на облеката и вооедно ќе ви го даде потребниот екстра простор. За овој трик да има уште поголем ефект, спакувајте што е можно повеќе тенка облека за да имате поголем избор на комбинации.
Дебелата облека не ја пакувајте
Доколку планирате да спакувате јакна бидете сигурни дека таа ќе го зафати најголемиот дел од куферот. Затоа, најдобро е јакната да ја носите на себе или во рака. Со овој потег ќе ослободите место барем за уште еден пар фармерки и три маици.
Внимавајте со чевлите
Доколку одите на кратко патување доволно е да патувате само со чевлите на себе, бидејќи истите најчесто не се флексибилни и непотребно зафаќаат речиси половина куфер. Најдобро е да одберете удобни чевли кои ви се доволно разгазени и нема да ви прават проблем на стапалата доколку пешачите на подолги релации.
Долната облека и чорапите ставете ги во празнините
Секој мал слободен простор во куферот искористете го за да го пополните со пар долна облека или чорапи. Доколку носите дополнителен пар чевли искористете ги за да ставите дел од долната облека во нив. Но, пред да го направите тоа долната облека ставете ја во ќесички за да ја заштитите.
Не носете премногу козметика
Козметиката ќе ви додаде на тежина и ќе ви одземе многу простор. Носете го само она што ви е најпотребно. За се останато купете мали шишенца и претурете од шампонот, лосионот и регенераторот во нив. Малите шишенца ставете ги во ќеси за да избегнете протекување и исполнете ги преостанатите празнини во куферот.