Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови.
„Изи џет“ влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.
Покрај „Изиџет“, авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и авиокомпанијата „Визер“ до аеродромот „Бове“ оддалечен 90-тина километри од Париз.
Со летниот распоред на летање што стапи во сила викендов, од Скопскиот аеродром оперираат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три сообраќаат со 10 чартер летови.
Извор: kurir.mk