Македонците потрошиле 709 милиони евра онлајн во 2024 година– годишен раст од 9 отсто

Македонците потрошиле 709 милиони евра онлајн во 2024 година– годишен раст од 9 отсто

02. 04. 2025.

Согласно најновите објавени податоци на Народната Банка на Република Северна Македонија за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2024 година, вредноста на вкупните онлајн трансакции направени од Македонци кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци изнесува 43,629.2 милиони денари или 709.4 милиони евра, со што е остварен пораст од 9.3% во однос на 2023 година. При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 21.6 милиони, односно е за 11.4% повеќе во однос на 2023 година.

Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2024 година изнесува скоро 33 евра и е помала за 0.7 евро од 2023 година. При тоа, кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 26.136,6 милиони денари или 425 милиони евра што преставува 60% од вкупната вредност на онлајн трансакции. 40% од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство.

Што се однесува до структурата на бројот на направените онлајн трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон македонските е-трговци, Македонците и странците со своите картички оствариле скоро 66% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 34% од трансакциите.

Во 2024 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1.666 трговци со виртуелни места на продажба, но активни е-продажни места се 1312 односно 15 повеќе во однос на минатата година (активно работење подразбира извршување најмалку една трансакција на продажно место на трговецот во текот на календарската година за којашто се известува).

Извор: biznisvesti.mk