Со последната одлука за утврдување на цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените пред скоро две недели.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 ден/лит, односно за 4,00 ден/лит.
Денес напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени кои ќе важат од вечерва на полноќ па во следните две недели.