Во време на зголемени стомачни заболувања, БИОТЕК Лабораторија ви нуди молекуларно тестирање за детекција на гастроинтестинални патогени.
Гастроинтестиналните инфекции се најчестите инфекции кои се појавуваат кај малите деца и имуно компромитирани пациенти. Иако најчесто поминуваат без поголеми последици, овие инфекции доколку не се дијагностицираат и не се третираат може да бидат причина за посериозни нарушувања.
Овие инфекции многу лесно се пренесуваат без разлика на причинителот, тешко се контролираат и поради тоа може да претставуваат сериозен здравствен проблем.
Симптомите на гастроинтестиналните инфекции се повраќање, абдоменална болка, грчеви, диареа. Дополнителни компликации може да бидат предизвикани од дехидратацијата и губењето на електролити, поради тоа брзата и точна дијагноза, адекватниот третман и контрола на инфекцијата се основни параметри во лекувањето на гастроинтестиналните инфекции.
Сите овие гастроинтестинални патогени можат да се пренесат преку контаминирана храна (месо, млечни производи, не доволно термички обработена храна), загадена вода, контакт со инфициран човек.
Како да ја спречите појавата на гастроинтестинални патогени?
Во БИОТЕК лабораторија се врши детекција на бактериски и вирални патогени од гастроинтестинален тракт со Real-Time multiplex PCR метода. Раното и брзото откривање на причинителите се од клучно значење во третманот на пациентот. Молекуларната анализа овозможува истовремена детекција на:
- 9 бактериски (Campylobacter coli/jejuni /lari, Escherichia coli verotoxin positive (VTEC), Salmonella spp., Shigella spp., Enteroinvasive Еscherichiacoli(EIEC), Yersinia enterocolitica, Clostridium difficile) и
- 6 вирусни патогени бактерии (Norovirus G1, Norovirus G2, Astrovirus, Rotavirus, Adenovirus и Sapovirus)
Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски.
Закажете термин уште денес!
Биотек Лабораторија - Центар
Ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија
+389 (0)2 311 2464 / 078 492 294
---
Биотек Лабораторија - Кисела Вода - Расадник
Ул. Христо Татарчев 43Б, 1000 Скопје, Р. Македонија
+389 (0)2 277 1020 / 078 243 429