Некои луѓе тешко донесуваат одлуки во животот. Ова најдобро се гледа од примерот на една жена од Бристол која објавила необичен оглас за работа. Во огласот таа бара лице кое месец дена ќе донесува одлуки наместо неа и за истото е подготвена да плати добро.
За овој оглас жената се одлучила откако имала тешка година која инволвирала губење на парите што нејзината пријателка и ги позајмила, останување без пари додека патувала за Нов Зеланд, злоупотребување од страна на поранешниот партнер за на крај да биде ограбена.
За себе се смета дека е духовна личност и се надева дека ќе го најде својот духовен водач со кого ќе може да се поврзе и кој ќе и помогне да се врати на правиот пат.
Меѓу другото, обврските би можеле да инволвираат и одлучување за тоа кое лице од Тиндер најмногу би и одговарало, како и на што да ја троши заштедата. Избраниот кандидат секогаш ќе треба да биде на располагање.
Ако ја прифатите оваа работа можете да заработите 2.000 фунти.