Со секојдневните активности и задачи, понекогаш едноставно немаме време да го оставиме телефонот еден час или подолго. За среќа, постои еден метод кој во голема мера може да го олесни вашиот живот.
За да го наполните вашиот iPhone побрзо, ќе ви требаат неколку работи. За почеток, вашиот уред мора да биде најмалку iPhone 6S. Тоа е првиот Apple телефон кој поддржува брзо полнење или полначи со поголема моќност.
Другата работа што ќе ја користиме е полначот на iPad. Посилниот полнач, нагласуваме, не е неопходен за брзото полнење на уредот, но ако сакате навистина да го забрзате полнењето, ќе ви биде од голема корист.
Трикот за кој станува збор е всушност карактеристика на iPhone која е присутна на уредот уште од неговите најрани верзии.
Станува збор за опцијата за авиони – специјално дизајниран режим на работа, кој ги гаси мнозинството на активни функции на вашиот iPhone поради кои тој всушност ја празни батеријата додека не се користи. Зборуваме за потсетниците, проверката на апликациите, барањето на wifi и одржувањето на врската со давачот на услугата.
Водете сметка дека откако ќе го активирате авионскиот режим, нема да можете да примате или да иницирате повици.
За да го активирате авионскиот режим, повлечете го прстот од дното на екранот нагоре и отворете го менито каде што ќе ја допрете иконата во форма на авионот, а потоа поврзете го вашиот iPhone со полначот. За полнење на вашиот iPhone од празна до целосна батерија ќе ви требаат околу 25 минути, што е многу побрзо од стандардот.
По завршувањето на полнењето, едноставно отворете го менито и исклучете го авионскиот режим.