Како тоа некој ги постигнува своите цели и знае за чувството на успех, а на некој неуспех му е средно име? И едниот и другиот сакаат успех, сосема очекувано и природно, и сосема очекувано и природно, без сомнеж, веројатно подеднакво се трудат. Сепак, резултатите не се исти.
Инспирирани од праксата и големиот број на неуспешни потези меѓу клиентите, Џефри Џејмс и соработниците даваат многу корисни совети и пет основни бариери кои стојат на патот до успехот и остварувањето на целите.
1. Цели кои не се доволно стимулативни
На голем број луѓе, како краен исход, им било тоа какви успешни акции визуелизираат предметите. Главно тоа се автомобил, пари или напишана и издадена книга. Ова се „мртви“ работи и никогаш не можат да ви бидат доволно силно јадро на мотивација. Ако вака го доживувате и го сакате својот успех, потполно сте ја погрешиле темата. Најважно е искрено и длабоко да почувствувате успех, во себе ја да доживеете емоцијата која ќе го следи остварувањето на целта. Тоа е единствена и вистинска мотивација. Нас ништо друго не може да не инспирира толку силно да успееме, како што може емоцијата.
2. Страв од неуспех
Стравот запира, блокира, забавува, наведува на повлекување. Нема успех со вакви потези. Имате страв да завртите телефонски број бидејќи се плашите од одбивање, имате страв да дадете отказ и да започнете свој бизнис бидејќи се плашите дека ќе останете без пари. Одлучете и прифатете дека неуспехот е привремена состојба. Ако работите не одат како што сте сакале, тоа е само моментална ситуација која вас ве донела до целта. Со други зборови, неуспехот е од витално значење за секого, па и за вас.
3. Страв од успех
Ваквиот страв уште повеќе ни пречи и не запира во намерата. Што ако навистина заработам толку пари? Што ако не сум среќен? Што ќе ми речат луѓето? А, што ако сето тоа го изгубам? Стравот од успехот е голем саботер, а верувале или не, многу е распространет. Во овој случај, размислувајте дека со тие пари ќе им помогнете, да речеме, на другите да ги остварат своите цели. И денес и утре и кога ќе имате пари, бидете, пред се, благодарни.
4. Нереални рокови
Многумина не веруваат што се можат да направат за една недела или една година. Некои ги преценуваат своите можности и услови убедени дека им е потребно помалку време за да стигнат до целта. Кога ќе поминат зацртаните рокови, убедени се дека „од работата нема ништо“, а всушност потребно им е само повеќе време. Не е прашањето остварување на целта. Следи мала математичка помош околу организација на времето и приоритетите:
-За секоја задача која морате да ја извршите, со оценки од 1 до 10 процените колку треуд ви треба за неа и какви резултати (позитивни) очекувате. Потоа, тие два броја поделете ги и ќе ја добиете оценката на приоритетот.
-Да речеме, треба да напишете извештај од деловниот пат.
Трудот сте го процениле со 10, очекувате резултат 2. Приоритетот овде е 5.
-Понатаму, треба да подготвите презентација.
Давате труд 4, а и резултат 4. Приоритетот е 1.
-И, треба да побарате клиент по договор.
Трудот е 1, значи многу мал, а резултатот е 10. Кога ќе поделите, ќе добиете 0.1, тоа води на листата и тоа е првата работа која треба да ја направите. Потоа, подгответе ја презентацијата и за крај оставете го пишувањето на извештај.
5. Грижа за „стоење во место“
Кога учите и се усовршувате во нешто, било каква вештина, се случува да дојдете во фаза кога ви се чини дека стоите во место, ни малку не напредувате. Имате впечаток дека дури и се враќате назад. Ова се опасни фази за достигнување на целта, бидејќи многумина овде застануваат, губат волја и самодоверба. Важно е, кога ќе почувствувате вакви периоди на „стоење во место“, славете бидејќи сте постигнале значајно ниво во својата работа. Знајте дека сте на добар пат до целта, само сега од вас се бара трпение. И тоа е се.