Морана Розман буквално продава магла и заработува! Таа е „креаторот“ на Карловачката магла, новиот хит сувенир. "Маглата" се продава во тегли од 450 грама, а содржината е непозната. Ја продава за 20 куни или 2,7 евра.
„За развој на туризмот е неопходна доза креативност, а производството на сувенири мораше да ги надмине разгледниците и приврзоците за клучеви“, вели г-ѓа Морана Розман од Карловац - жената која го измисли новиот хит сувенир наречен "Карловачка магла"!
„Со години читаме и слушаме како многумина ни продаваат магла, симболично, па ние решивме навистина да пробаме да ја продаваме. Не можам да кажам што има внатре, но тоа и не е важно. Важна е идејата, а не анализа на составот.“ – низ шега вели Морана.
Но, овој сувенир сепак има своја приказна. Карловац е град на 4 реки, има многу вода и многу магла. Зошто тоа да не се искористи и извезе?
Маглата ја продаваат за 20 куни. Според нив, цената не е воопшто висока, некои други продавања магла во животот сме ги платиле и многу, многу поскапо.
Браво за идејата!