Според математиките, доколку пријавите фискални сметки за една потрошена просечна месечна плата во износ од 25.784 денари, ДДВ-то изнесува 4.641 денари. Согласно мерките за поврат на ДДВ, од овој износ 15% ќе се врати кај Вас – 696 денари, а 3.945 денари ќе одат во буџетот.
Пресметано за 12 месеци, ќе направите поврат на ДДВ во износ од 8.354 денари.
Сметките за комунални трошоци не влегуваат во овој проект.
Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните самите да бидат контролори на трговците.
извор: denar.mk