Кога го замислувате одморот од соништата, тој веројатно не вклучува престој на островот кој изобилува со најсмртоносните змии на светот.
Бразил изминативе неколку недели ги угости сите навивачи на фудбал на светот кои пристигнаа да го гледаат светското првенство во живо, но сигурно мал број од нив знаат дека недалеку од тука се крие забранетиот остров Ilha de Queimada Grande.
Пристапот на островот не е дозволен поради неговите станари. На островот Ilha de Queimada Grande, на 32 километри од бреговите на Сао Паоло, се населени 4.000 од најопасните змии на светот кои ловат птици дури и додека летаат и убиваат со отров кој може да го стопи човечкото тело, пренесува Daily Mail.
Тој е дом на Златната змија Bothrops insularis. Овој остров е толку опасен што бразилската влада забрани да се посетува. Додека службената забрана не стапила во сила, на него поради каснување од змија животот го изгубиле илјадници луѓе. Овој остров го посетуваат само научници со посебна дозвола од владата, за да ги проучуваат змиите. Исто така, на него повремено доаѓаат и припадници на бразилската војска за да одржување на светилникот изграден во 1909-та година.
Се верува дека на островот доаѓаат и ловокрадци кои ги ловат змиите у ги продаваат на црниот пазар за 30.000 долари парче.
Зошто змиите тука се толку опасни е мистерија
Според една теорија, пред 11.000 години нивото на морето се зголемило и островот се одделил од копното на Бразил поради што змиите на него останале со ограничени ресурси. Единственото нешто до кое можеле да дојдат се птиците кои мигрираат. За да почне да дејствува нивниот отров било потребно прилично долго време, понекогаш и неколку дена. До моментот кога отровот би ја убил птицата, таа веќе би била на друго место. Поради тоа организмот на змиите развил отров кој убива речиси веднаш. Во последните 15 години, змиската популација на островот е намалена за 15% поради комбинација од намалената вегетација и болестите, па овие змии се на листата на загрозени видови.