ВАРДАРГРАДБА ДОО, Скопје е трговско друштво за производство, проектирање и инжинеринг со седиште во с.Трубарево - Скопје. Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производство и продажба на градежни производи (песок,бетон, арматура). Во текот на овие години има учествувано на многу проекти и изградено преку 90 објекти насекаде низ нашата земја, каде како Инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ресорни Министерства, Општините и странски земји и организации преку нивните донации (OBSE,EAR,UNDP). Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. Во фирмата од нејзиното основање па до денес бројот на вработените се повеќе се зголемува, соодветно на проширувањето и развојот на фирмата.
Поради зголемен обем на работа, ВАРДАРГРАДБА има потреба од:
ЅИДАРО-ТЕСАРИ - МАЈСТОРИ КВ ИЛИ ВКВ
(5 ИЗВРШИТЕЛИ)
РАКУВАЧ НА КОМБИНИРАНА ГРАДЕЖНА МАШИНА - РОВОКОПАЧ (СКИП)
(1 ИЗВРШИТЕЛ)