Поканата на интервју за работа значи дека сте го поминале прелиминарниот круг на селекција и дека поседувате одреден квалитет што успеал да остави позитивен впечаток кај работодавачот.
Меѓутоа, се уште е рано да се заклучи дека сте ја добиле работата. Интервјуто за работа е времето кога треба да се претставите во вистинско светло.
За голем број кандидати интервјуто за работа е стресен момент бидејќи од вас се бара да ги презентирате своите вештини и способности на најдобар можен начин.
Првиот впечаток лице в лице е особено важен бидејќи на искусните регрутери им требаат само неколку минути за да одлучат дали сте или не сте вистинскиот кандидат.
Тоа зависи од голем број фактори, како што се: начинот на кој се изразувате, вашиот изглед, начинот на облекување, техничките знаења и сл.
Најважното прашање чиј одговор треба да го знаете
На интервјуто за работа ќе дојде неизбежниот момент кога треба да се разговара за висината на платата и вашите очекувања. Ако не знаете уште пред интервјуто за која плата сте спремни да преговарате, нивото на стрес ќе биде уште поголемо кога ќе дојде тој дел од разговорот.
Прашањето е колкава плата да побарате или очекувате без да ги потцените вашите способности или пак да се прецените. Тоа е вистински проблем имајќи го предвид фактот дека голем дел од компаниите не објавуваат во огласите за работа опсег од колку до колку се движи платата за слободното работно место.
Како да дојдете до вистинскиот износ?
Еден од наједноставните начини да добиете информации за просечната плата за одредена позиција е преку бесплатната проверка на просечната плата за вашата професија на www.mojaplata.mk/survey. Со внесување на вашата професија, годините на работно искуство и вашата реална/очекувана плата, вие добивате бесплатна анализа за вашата плата која ќе ви ја открие просечната плата за вашата професија во вашиот регион според степенот на образование кој го поседувате. Дополнително, на секои три месеци ќе добивате бесплатна анализа и ќе бидете секогаш во тек со движењето на просечната плата за вашата професија и ќе знаете кога е вистинското време да побарате покачување.
Не чекајте и споредете ја вашата плата со другите уште денес!