ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТРЕВ Скопје
19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА
Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ - Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.
Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.
Доколку сакате да станете дел од тимот на Клиничка Болница „Жан Митрев“, аплицираје за позицијата:
ПРОГРАМЕР
(линк за повеќе детали и аплицирање)
Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ нуди одлични услови за работа и високо професионална работна атмосфера. Можност за личен развој, едукација и доусовршување. Основната нето месечна плата за горенаведената работна позиција изнесува 120.000 денари.