По точно две недели од последната промена, Регулаторната комисија за енергетика денес напладне се очекува да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Со последната промена, бензинот поскапе за 2 денари по литар, а дизелот за 1 денар.
Досегашната цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесуваше 64.5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 66.5 денари. Еден литар дизел се продава по цена од 61 денар.
Инаку, во изминатите две недели цената на суровата нафта на светските берзи продолжи со трендот на пораст, по што се очекува да имаме благ пораст на цените и во Македонија.
Останува да видиме што ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика.