Lear Corporation, глобален лидер за производство на автомобилска технологија, објави дека е номинирана на листата на најпочитувани компании во светот (World’s Most Admired Companies) на магазинот FORTUNE.
Листата на најпочитувани компании во светот се базира на истражување на корпоративната репутација кое магазинот FORTUNE го спроведува во соработка со консултантската куќа Корн Фери.
Во истражувањето се анкетирани 3.750 извршни директори, менаџери и аналитичари за хартии од вредност од 680 глобални компании во 52 индустрии. Од нив, по пат на анкета, било побарано да одговорат кои се компаниите на кои тие најмногу им се восхитуваат во и вон нивната индустрија.
Резултатите од истражувањето се базирани на девет фактори, како што се вредноста на инвестициите, квалитетот на менаџментот и производите, општествената одговорност и способноста да привлечат таленти.
Помеѓу компаниите за производство на автомобилски делови, Lear е рангирана на трето место на генералната листа и на трето место во категориите “Управување со луѓе“ и “Долгорочни инвестиции“.
“Навистина сме горди што сме номинирани на листата на најпочитувани компании во светот на магазинот FORTUNE“, изјави Реј Скот, претседател и генерален извршен директор на Lear. “Тоа што сме номинирани во една ваква престижна листа е доказ за нашиот фокус на луѓето, иновациите и квалитетот и за напорната работа и посветеноста што тимот на Lear ја демонстрира секој ден“.
Lear Corporation е еден од водечките светски производители на системи за седишта во автомобили и електрични системи. Lear соработува со сите поголеми производители на автомобили во светот, а производите на Lear се дизајнирани, изработени и произведени од страна на тим со преку 169.000 вработени во 39 земји. Lear во моментов е рангирана на 148-то место на Fortune 500 листата. Седиштето на Lear се наоѓа во Саутфилд, Мичиген, а компанијата има свое претставништво и во Македонија.