„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
Немаш време за да имаш време? Време е да почнеш да кажуваш НЕ!
Како?
Велат дека било лесно:
- Предложете временски рок, па ако не им се допаѓа, заеднички ќе кажете НЕ!
- Кажете веднаш НЕ или не можам да ја исполнам таа обврска, а не да дојде денот кога требало да ја завршите, па тогаш да кажете!
- Немојте да бидете груби, но немојте да бидете ниту премногу внимателни кога кажувате НЕ!
- Предложете алтернативна личност за работите за кои не сте компетентни, така ќе можете на суптилен начин да кажете НЕ!
- Кажете си понекогаш НЕ и на самите себеси за работи кои знаете дека не ќе успеете да ги исполните или, пак, само ќе ги одложувате или едноставно, нема да ги исполните!
- Кажете го тоа лично, а не некој друг во ваше име тоа да го кажува!
Луѓе, не е поентата само да се трупате со работа, ќе пукнете, а покрај вас ќе страдаат и другите! Кажувањето НЕ е убава работа и за двете страни, но бидете внимателни!
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com