За да се стане месар/касап вообичаено не е потребно формално образование, а најголемиот број професионалци кои се занимаваат со оваа професија занаетот го научиле работејќи во супермаркет, месарница или фабрика за преработка на месо.
Вистински месар сте тогаш кога ќе научите правилно да ја отстранувате коската од месото и да сецкате парчиња месо во посакуваната големина, а за да ја научите техниката ви се потребни една до две години работно искуство.
Компанијата Гринагро во изминатиов период препозна голема потреба од касапи/месари на пазарот на труд во Скопје и за потребите на повеќе реномирани компании ќе организира бесплатна обука во времетрање од 8 седмици.
По завршувањето на обуката, можност за вработување на неопределено време во реномирани компании ќе добијат кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката и ќе покажат најдобри резултати.
Кандидатите не мора да имаат искуство на слична позиција или во месна индустрија.
Секој учесник ќе има платен превоз до локацијата за тренинг и оброци.
Вашата апликација може да ја доставите на следниот оглас, а за дополнителни информации слободно јавете се во Вработување.ком, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на телефон: 071 305 939.
Зошто треба да го прифатите овој предизвик?
Ако сте моментално невработени, добивате можност за вработување. Доколку не сте задоволни од вашата тековна професија, имате шанса да стекнете нови практични знаења кои ќе ви овозможат да свртите нов лист во вашата професионална кариера. Искуството покажува дека месарите за една до две години добиваат шанса за унапредување на менаџерски позиции. И на крај, секако, добивате можност да работите за повисока плата отколку сегашната.