Неочекувани резултати од иранската студија.
Чувството за топлина се разликува од човек до човек, така е и со топлите супи и пијалаци: тоа што совршено одговара за едните, е премногу ладно за другите.
Новата иранска студија, објавена во International Journal of Cancer, сепак, покажува дека не треба да се пие топол чај: луѓето кои редовно пијат повеќе од 0,7 децилитри топол чај (температура најмалку од 60 Целзиусови степени) се изложени на значително поголем ризик од карцином на плочестите клетки на хранопроводникот, тврдат истражувачите предводени од Фарадех Ислами од Медицинскиот факултет во Техеран, кои ги следеле навиките на околу 50.000 луѓе во северната иранска провинција Голестан.
Како можна причина, авторите наведуваат на повреди предизвикани од топлина, кои ги поттикнуваат воспалителните процеси во ткивото на хранопроводникот. Овие процеси може да предизвикаат промени во генетскиот материјал и да го зголемат производството на супстанции што предизвикуваат рак.