Единаесетгодишниот Марко Арсовски е еден од ретките ученици што по знаење мора да пешачи до соседната држава, пишува порталот Новости.рс.
Тој е единствениот ученик од село Старац во општина Бујановец, на границата со Македонија. Од неговата куќа до најблиското училиште во Србија има 17 километри, па токму затоа учи во Македонија. Марко е ученик во петто одделение во училиште во село Драгоманце во македонската општина Старо Нагоричане.
-Наставата е на македонски јазик, но имам часови и на српски. И покрај сите тешкотии, постигнувам многу добар успех, вели Марко.
Куќата во која живее момчето е до самата река Пчиња, која ја дели Србија од Македонија, но и маалото на Марко, од остатокот од селото. До патот кој го води до училиштето најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.
-Во лето не е толку многу страшно, но Пчиња е секогаш е ладна. Во зима имаме многу потешкотии, вели таткото на Марко, Горан Арсовски.