Испраќање на “ладен e-mail” може да ве доведе до нов клиент, вработен или дури до нова работа. Сепак, како што веројатно знаете од искуство, обид да стапите во контакт со некој што можеби никогаш не сте го сретнале, може да биде шут во празно.
За среќа, постојат докажани тактики кои можат да ги зголемат шансите да добиете одговор на таквиот e-mail.
Кит Фераци, автор на најпродаваниот водич за успешна кариера “Never Eat Alone”, открива што “запалило” во неговиот случај. Еве што препорачува Фераци кога испраќате електронска порака од тој тип.
Нека вашиот наслов на меилот го привлече нивното вниманието
Без разлика што пишувате, вашата e-mail пошта нема да биде прочитана ако името на меилот не е интересно.
-Фокусирајте се на вашиот адут, без разлика дали тоа е вашиот заеднички контакт или специфичната вредност што можете да ја понудите, пишува Фераци.
Испратете го на почетокот или на крајот од денот
Вработената личност најверојатно нема да ја забележи вашата порака ако ја испратите за време на работното време. Испраќањето на e-mail нека ви биде првото нешто што ќе го направите наутро или оставете го за крајот на работниот ден. Тогаш, најверојатно, лицето со кое се обидувате да контактирате ќе ја провери својата пошта.
Пораката треба да е кратка
Размислете како вие го читате примениот e-mail. Ако не можете да дојдете до поентата во првите неколку реченици, многу е веројатно дека таквата e-mail порака ќе заврши во ѓубре.
Поттикнете го лицето да преземе понатамошни чекори
Направете го вашето прво барање да биде јасно и едноставно, советува Фераци.
Наместо да пишувате нешто како “Би сакал да испиеме кафе” или “Сакам да разговарам со вас преку телефон”, предложете им време и датуми што Вас ви одговараат и напоменете колку долго ќе трае повикот/средбата.
Прочитајте го вашиот e-mail на глас
Само на тој начин ќе проверите како навистина звучи вашиот текст и дали е доволно разбирлив и јасен.
Проверете го правописот и граматиката
Бидејќи на интернет лесно можете да најдете голем број на страници за правопис и граматика, немате изговор да во вашата e-mail порака најдат грешка, што ќе укажува на тоа дека сте немарни или сте во брзање.