Ова е местото каде живееше мајката Фериде Чуковци со нејзините три ќерки. Мал подрум речиси без елементарни услови за живот.
Еден месец по сторијата на ТВ21, ова семејство доби нов дом. Тие ќе живеат во стан во Чаир, а донаторот сакаше да остане анонимен.
Хуманите луѓе воедно обезбедувајќи храна и блека за девојчињата.
„Благодарна сум на ТВ21 за големиот придонес, Господ да ги благослови сите донатори. Посебно му се заблагодарувам на анонимното лице од Швајцарија кој не сака да го каже името кој ни го обезбеди станот и ја плати киријата за една година“, вели Фериде Чуковци.
Ќерките Исра, Кенза и Верде се многу среќни што сега живеат во нов стан.
„Многу сум среќна и благодарна на сите донатори и на ТВ21 и на анонимното лице кој ни овозможи да се сместиме овде“, вели Кенза Чуковци.
Мајката Фериде заедно со трите ќерки, заблагодарувајќи на ТВ21 и донаторите, сега велат дека се спокојни и ослободени од грижата дека ќе останат на улица.