Додека сте на интервју за работа знаете дека неизбежен е моментот кога на ред ќе дојде прашањето за идната плата и вашите очекувања.
Интервјуто е знак дека сте го поминале првиот круг на селекција и дека се наоѓате во потесната листа на кандидати. Интервјуто само по себе е стресно за секој кандидат, бидејќи во тие мигови секој сака себеси да се претстави во најдобро светло.
Оставањето на добар впечаток е важен особено во првите неколку минути. Тие минути се круцијални во одлуката на работодавецот дали сака да ве вработи или не.
Треба да знаете дека целокупниот впечаток е најтесно поврзан со начинот на кој влегувте во собата, каква облека носите и како се однесувате за време на разговорот, додека најмало влијание има изборот на зборови што ги користите за време на интервјуто.
На интервјуто ќе дојде време кога ќе треба да се разговара за висината на идната плата. Во овие моменти сигурно си го поставувате прашањето: Која е платата што треба да ја очекувате или побарате и притоа да не се прецените или потцените?
Еден од најлесните начини да дознаете за просечната плата за одредена работа е преку веб страната www.mojaplata.mk.
Со пополнување на краток анонимен прашалник кој нема да ви одземе повеќе од 5 минути, вие ќе знаете колку е платата за вашата работа според работното искуство, регионот и нивото на образование.
Меѓу другото, може да се провери и колку би заработувале во странство за истата работа.