Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен така и за кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б-категорија
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
- Добро познавање англиски јазик
- Чувство за односи со клиенти
Краток опис на основните одговорности:
- Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
- Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
- Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
- Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
- Генерирање и проследување нарачки до производителот;
- Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
- Подготовка на соодветна документација за продажба;
- Давање насоки на клиентите за употреба на производите.