Врз основа на член 21 и 22 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 и 23 од Законот за работните односи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, објавува
ОГЛАС
за вработување на определено време до 31.12.2018 година
I. За потребата од засновање на работен однос на определено време во Агенцијата за вработување на Република Македонија, за следното работно место:
1. Соработник за услуги за поддршка за вработување во Агенција за вработување на Република МакедонијаЦентар за вработување Штип - (1) еден извршител;
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- основната нето плата за работното место изнесува 23. 230 денари
2. Соработник за правни и административни работи во Агенција за вработување на Република Македонија Центар за вработување Велес (1) еден извршител;
Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки;
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
основната нето плата за работното место изнесува 23. 230 денари
3. Соработник за правни и административни работи во Агенција за вработување на Република Македонија Центар за вработување Кочани - (1) еден извршител;
Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки;
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
основната нето плата за работното место изнесува 23. 230 денари
4. Соработник за правни и административни работи во Агенција за вработување на Република Македонија Центар за вработување Штип - (1) еден извршител;
Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки; најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- основната нето плата за работното место изнесува 23. 230 денари
5. Референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на Република Македонија -Центар за вработување Струмица - (1) еден извршител;
Кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
Вишо или средно образование
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- основната нето плата за работното место изнесува 14. 900 денари
6. Референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на Република Македонија -Центар за вработување Кратово (1) еден извршител;
Кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
Вишо или средно образование најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- основната нето плата за работното место изнесува 14. 900 денари
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Уверение / диплома за завршен степен на образование
Потврда/Доказ за работно искуство
Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Потврда/Доказ за активно познавање на јазици
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение за државјанство
II. Работниот однос се заснова со полно работно време 40 часа неделно, од понеделник до петок; a дневното работно време е од 07:30 до 15:30.
III. Кон пријавата кандидатите треба да достават докази со кои се потврдува исполнувањето на предвидените услови.
IV. Огласот трае (5) пет работни дена од денот на објавување во дневен печат.
V. Пријавите со потребната документација да се достават во архива или по пошта на следната адреса: Агенцијата за вработување на Република Македонија Централна служба, ул. "Васил Горгов" бр. 43, Скопје.